Посен, вкусен, брз доцен појадок

Ако е посно, не мора да е и скромно. Не дека е и некој ексклузивитет, ама не е ни леб и сол, нели?

0
293

Кога некој слабо јадеше па драстично ќе ослабнеше, постарите обично велеа: ‘Ццццц, се испостил човеков’.

Да си помисли човек дека ако е на нешто посно, гладен ќе остане.

Ама кој сака да си јаде, ќе најде што да јаде, па макар постел и на вода.

И потоа, дури и да треба цел живот да се пости, нема да е проблем.

Ако се уште не сте појадувале или пак сакате некоја брза и здрава ужинка, еве идеја. Потпечен грахам леб на тостер, мед и таан, банана и некоја смрзната малинка. И, се разбира кафе со некое растително млеко или клот црно, и нема да ви текне на јадење барем докај 5-6 попладне. Барем така ние се надеваме.