Посен колач со маџун, пекмез од сливи и многу свежи сливи

Ова е еден од оние колачи кои се прават без рецепт, со тоа што ќе ви се најде дома. Особено ако имате сливи кои никој не ги јаде, маџун на дното од теглата, лански пекмез од сливи во одлична состојба....

0
251

Одличен за посни денови или за оние кои се на веганска исхрана.

Состојки:

2 шолји брашно

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

1 конзерва кокосово млеко (ако немате, може и некое друго растително млеко)

1 лажица какао

2 лажици пекмез од сливи

ако имате маџун, ставете 1/4 шолја, ако немате доволно, додадете кафеав шеќер или малку повеќе пекмез од сливи

зачини по желба (цимет, ѓумбир)

600-700 г свежи сливи или колку да се покрие цела тава

Приготвување:

Помешајте ги сите состојки освен свежите сливи.

Сливите исечкајте ги на половинки и наредете ги врз тепсијата претходно премачкана со зејтин и попрскана со брашно. Истурете ја одозгора смесата и измешајте ги сливите полека заедно со смесата.

Ставете ги во загреана рерна и печете околу 40-50 минути, во зависност од рерната. Почекате да се олади, но не сосема, Највкусно е кога е млако, па соковите од сливите му даваат сочност на тестото.