Посна паштета од ореви

Ќе ве воодушеви вкусот на оваа паштета, која ќе ја подготвите за само неколку минути.

0
91

Состојки:

200 г мелени ореви

зачин од зеленчук

сол, црн пипер

лук

сенф

вода

Приготвување:

Оревите, зачинот од зеленчук и солта попарете ги со малку топла вода, за да добиете густа каша, додадете црн пипер, лук, малку сенф и сè измешајте добро со блендер.

Паштетата најдобро оди со домашни лепињи или со двопек.

Фото: Freepik