Посна торта со раскошен вкус

Еве како може и кога се пости да се направи вкусна роденденска торта

0
1130

Овој рецепт ни го испрати нашата читателка Ана Радованац.

Состојки:

300 г мелени посни кекси

150 г мелени ореви плус сечкани за поросување

сок од 1 портокал

неколку лажици растопено кокосово масло

2 пудинга од чоколадо направени со 1/2 л вода (може да се направи и со млеко од ориз)

2 пудинга од ванила направени со 1/2 л вода (може да се направи и со млеко од ориз)

Калинка за украсување

Приготвување:

Од кексите, оревите, сокот од портокал и кокосовото масло направете ја подлогата за тортата.

Втиснете ја во тепсија или во калап за торта.

Сварете ги посебно пудинзите, според рецептот, но наместо со млеко, со по 1/2 литар вода.

Ставете го едниот пудинг, а кога малку ќе се здрви, ставете го врз него и другиот. Украсете со сечкани оревчиња и зрна од калинка.