Посни бели бомбици од грав

Велигденските пости се долги и тешки па не е чудо што оние кои постат се толку инвентивни

0
252

Состојки:

500 г голем бел грав

250 г шеќер

2 кесички ванилин шеќер

малку вода.

За украсување:

шеќер во прав помешан со ванилин шеќер

Приготвување:

Сварете го гравот во вода и исцедете го.

Во меѓувреме, ставете го шеќерот со малку вода на шпоретот и варете го додека шеќерот не се карамелизира.

Додадете го варениот грав и ванилин шеќерот и варете додека не се згусне.

Оставете да се излади смесата, направете бомбици и ставете ги во хартиени корпички и по желба поросете ги со шеќер во прав.

Фото: Pixabey