Постои една намирница што може да го намали ризикот од рак за половина

Едно поново истражување на научниците од државниот универзитет во Пенсилванија, покажало дека луѓето кои јаделе 18 грама печурки секој ден имаат 45 проценти помали шанси да заболат од рак, во споредба со оние кои не ги јаделе.

0
371

Храната што ја внесувате влијае на вашето здравје, но не станува збор само за исфрлање на намирниците што не се здрави. Точно е дека претераното консумирање слатки или алкохол може да му наштети на вашето здравје, но има и такви што треба да ги јадете за да го зачувате вашето здравје, а исто така да ги намалите шансите за развој на малигни заболувања за половина.

Јадете печурки

Научниците од државниот универзитет во Пенсилванија, Penn State, во САД, биле решени да тестираат како печурките можат да спречат рак. Тие ги провериле податоците на 19.000 пациенти со рак, анализирајќи 17 студии. Заклучокот е дека луѓето кои јаделе 18 грама печурки секој ден имаат 45 проценти помали шанси да заболат од рак, во споредба со оние кои не ги јаделе. Авторот на студијата, др. Џон Ричи рекол дека резултатите од студијата даваат важни докази за нивното влијание врз превенцијата.

Научниците сфатиле дека најсилната врска е помеѓу печурките и превенцијата од рак на дојка, а авторите на студијата веруваат дека тоа може да се должи само на фактот што другите видови на рак не биле посебно вклучени во студијата.

Печурките содржат вредни хранливи материи, витамини и антиоксиданти

Докажано е дека одредени видови печурки (вргањ, шампињони, тартуфи, шитаке и др.) лачат состојки кои имаат антиканцерогени ефекти и супстанции со антибиотско и имуностимулаторно дејство. Печурките може да се подготват на скоро безброј начини, притоа зачувувајќи одличен вкус и висока хранлива вредност. Тие се богат извор на протеини (особено шампињоните и вргањот) со сличен состав како протеините од животинско потекло, така што можат да ја збогатат исхраната на вегетаријанците и веганите.

Печурките се ретка намирница што нуди витамин Д, хранлива материја која обично не се наоѓа лесно во храната што ја консумираме. Причината е што печурките можат да го „апсорбираат“ витаминот Д кога се изложени на УВ зраци. На пример, печурка која е постојано изложена на УВ зраци содржи повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Д. Печурките се одличен извор на селен, што е основен минерал кој делува како антиоксиданс во организмот и ги штити клетките од оксидативен стрес, оштетувања настанати од дејството на слободните радикали и така нè штити од болести. Покрај тоа, игра голема улога и во заштитата на имунитетот.

Доволна е и само мала порција

Ако не можете да постигнете внес од 18 грама на ден, можете да ги јадете барем еднаш неделно. Друга студија потврдила дека и само една порција печурки неделно може да го намали ризикот од развој на рак. Таа проучувала 36.000 мажи во текот на една деценија и на крајот заклучила дека оние кои јаделе печурки еднаш неделно, имаат 8 проценти помали шанси да заболат од рак на простата. Оние кои јаделе печурки 3 пати неделно, имале дури 17 проценти помалку шанси да развијат малигнитет.

Фото: Unsplash