Постојано сте гладни и се дебелеете?

Ако постојано си велите дека јадете малку, постојано сте гладни, а сепак наместо да се намалуваат, килограмите се зголемуваат, можеби е проблемот во оваа состојка

0
390

Сите знаеме дека солената храна предизвикува жед, но долгорочно таквата исхрана води до намалена консумација на вода, тврдат научниците. Дополнително, високиот процент на натриум во исхраната го засилува гладот, па така солената храна може да се поврзе со прејадување, значи и дебелеење.

Откритието дека солената храна всушност ја намалува жедта, а ја зголемува гладта, ги урива старите верувања за исхраната.

Станува збор за две одвоени истражувања. Првото го спровеле американските и руските научници на руските астронаути кои учествувале во програмата на симулирани летови. Откако поминале месеци во контролирани услови, претставуваат идеални испитаници за ваков вид на истражувања.

Научниците постепено го намалувале нивниот дневен внес на сол, сè додека не дошле од почетните 12 грама на 6 грама сол на ден. Како резултат на тоа, астронаутите се очекувало да пијат помалку вода и да бидат жедни поретко. Сепак, се случило сосема спротивното.

Испитаниците го потврдиле и посилното чувство на глад, такашто авторот на студијата др. мед. Јенс Титце заклучил: „Да им дадевме повеќе храна, тие сигурно ќе се здебелеа“, пренесува Health.

Студијата на глувци ги потврдила резултатите.

Друга студија спроведе експеримент од ист тип, но на глувци. Бидејќи тие не ја ограничиле количината на храна што им е достапна во оваа студија, глувците се здебелиле кога се зголемил внесот на сол, со што уште еднаш ја потврдиле хипотезата дека високиот процент на сол во исхраната ја зголемува гладта, а со тоа и килограмите.

Зголемениот внес на сол влијаело и на мускулите, односно на распаѓање на протеините во мускулите. Нивната дезинтеграција била придружена со зголемување на нивото на глукокортикоиди, група на кортикостероиди кои се поврзани со развојот на дијабетес, дебелина, срцеви заболувања и остеопороза.

На краток рок, ако јадете грст солени кикирики, ќе бидете жедни. Она што го истражуваат овие студии е влијанието на континуираата исхрана со висок процент на сол на организмот. Затоа, добро е да јадете нешто што е многу солено одвреме навреме, но внимавајте тоа да не ви стане навика.

Фото: Pixabey