Праски и домати? Зошто да не…

Ако сте тврдокорен традиционалист и не ја менувате шопската салата со ништо, а најмалку со ваква комбинација, прескокнете го рецептов. Оние другите, што сакаат да експериментираат, задолжително испробајте.

0
206

Ако ви е потребна промена на секојдневното мени, обидете се со оваа комбинација. Наместо шопска, направете си салата со праски и домати. Додадете и неколку ливчиња свеж босилек или нане.

Состојки:

1/2 главица црвен кромид, тенко исечен
1 лажица вински оцет
сол и црн пипер
1 црвен и 1 зелен домат

2 нектарини
2 лажици маслиново масло
лисја од босилек
парче фета сирење

Приготвување:

Во мал сад, измешајте ги кромидот и оцетот со 1/4 лажичка сол. Оставете ги 5 минути.
Исечете ги доматите и праските и наредете ги во чинијата.
Додадете масло во мешавината од кромид и оцет и прелијте врз овошјето, а потоа поросете со босилек, црн пипер и ставете го сирењето, цели или на коцки.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.