Првото претставување на Шато Сопот на натпревар во Германија, и донесе злато на винаријата

На Mundus Vini, престижен интернационален вински натпревар кој се одржува во Германија, за првпат се претстави и винаријата „Шато Сопот“ и доби Златен медал за Вранецот 2017.

0
351

Првото претставување на Шато Сопот на престижниот интернационален вински натпревар – Mundus Vini, резултираше со златен медал за одличниот Вранец 2017.
Mundus Vini е престижен интернационален вински натпревар кој оваа година по 26-ти пат се одржа во Германија.

268 вински судии, претставници на 54 земји, „на слепо“ дегустираа над 7.500 вина од целиот свет. Дегустацијата се одвива според систем од 100 поени.

Златниот медал на Mundus Vini е неоспорен симбол на квалитет во светот на виното.

„Златниот медал за нашиот Вранец 2017, и тоа уште при првото учество на оваа интернационална смотра на виното, не претставува само успех за Шато Сопот и признание за сиот труд и љубов кои ги вложуваме во нашето вино – туку и силен поттик, ветар во грбот кон нови успеси“, велат од винаријата.