Превртен колач со сливи

Ако сте си по благото, сигурно немате ништо против овие брзи и лесни колачи со најразлично сезонско овошје. Овојпат, со сливи и во кафеава - какао верзија

0
156

Состојки:

300-400 г свежи сливи (колку да се прекрие дното од тавчето)

3 јајца

200 мл јогурт

100 мл масло

250 г брашно

1 прашок за пециво

2 лажици какао

10 лажици кафеав шеќер

1 лажичка цимет

малку путер

Приготвување:

Преполовете ги сливите и наредете ги на дното од тркалезно тавче. Ставете врз нив неколку парченца путер, малку шеќер и цимет.

Изматете ги јајцата со шеќерот па додадете ги јогуртот, маслото, а потоа постепено и брашното со прашокот за пециво и какаото.

Истурете ја смесата врз сливите и печете околу половина час на 200 степени.

Кога ќе го извадите тавчето оставете го малку да се излади, а потоа превртете го во чинија.