Прелив за салата од таан, мед и ѓумбир

Дали сте желни за нови вкусови на вашата салата и дали би сакале да пробате нешто поразлично? Тогаш, овој рецепт е нешто токму за вас: прелив од таан и ѓумбир кој идеално ќе оди со сите видови салати што ги подготвувате деновиве.

0
129

Таанот го алкализира организмот и е одличен избор за поздраво срце и крвни садови, кожа, зглобови и мускули. Ја помага работата на мозокот и го штити организмот од стареење.

Ѓумбирот е природен сојузник на варењето и сила на организмот при инфекции и им дава на јадењата специфична, зачинета луткаста нота што многумина ја сакаат.

А медот – за него не е потребно да се каже ништо освен дека е природна супернамирница во која генерациите уживаат веќе со милениуми.

Уживајте во комбинацијата на овие состојки во едноставен прелив за салата за кој се потребни 5 минути.

Прелив од таан, мед и ѓумбир

Состојки:

2 лажици таан

1/2 -1 лажица мед

прстофат свежо рендан ѓумбир

2 лажици вода

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во мал сад и убаво измешајте ги.

Прилагодете го соодносот на слатко и луто по желба и со преливот зачинете ја својата омилена салата.

Ако немате таан, можете да го направите и сами.

Подготовка на таан:

За таан ви требаат маслиново масло и семе од сусам.

Во тава испржете 200 грама семе од сусам, постојано мешајќи 10 минути, а потоа смелете го во блендер со 2-3 лажици маслиново масло.

По желба, можете да додадете 1-2 лажици сок од лимон и морска сол.

Сировиот таан содржи повеќе хранливи материи и се прави на ист начин, но без пржење на семето од сусам.

Уживајте во одличниот вкус на овој ароматичен прелив.

Фото: Unsplash