Препорака на ајурведски лекар: сок од лимон и кардамом

Ако имате заболен црн дроб или страдате од ревматизам, можете да ја удвоите количината на сок. Најдобро е да се пие свежо исцеден сок

0
210

Освен што се вкусни и освежителни во летниот период, овошните сокови имаат три важни ефекти врз нашето тело: ја прочистуваат крвта, носат нови освежувачки супстанции кои го обновуваат организмот и поттикнуваат одделни органи да функционираат подобро.

Природните сокови од овошје и зеленчук, но и од лековити билки, секако, се препорачливи и освежителни во текот на целата година, и што е најважно, ако се подготват и ако се консумираат правилно, тие се и лековити.

Ајурведата препорачува да правите домашни сокови. Научете како да го правите и кога да го пиете овој одличен сок од лимон и кардамом.

Ако сакате да имате значајни здравствени придобивки за црниот дроб, цедете два или три лимони во 1 литар вода секој ден и пијте го разредениот сок пред или после јадење. Ако имате заболен црн дроб или страдате од ревматизам, можете да ја удвоите количината на сок. Имаме и друга варијанта, која е вкусна, но сепак, ви го препорачуваме првиот начин.

Фото: Freepik