Препорачано од нутриционисти: енергетски бомбици од какао, урми и семки од тиква

Испробајте ги овие здрави и вкусни енергетски бомбици направени по рецептот на Џејми Оливер и тим на нутриционисти! Ви требаат само 20 минути за да ги направите

0
485

Познатиот готвач Џејми Оливер и тим нутриционисти смислиле креативен енергетски колач со многу хранливи и здрави состојки. Овие бомбици ќе станат ваша омилена закуска.

Состојки:

70 г семки од тиква
20 г експандиран кафеав ориз или киноа
50 г бадеми
80 г урми
1/2 лажиче куркума во прав
1/2 лажиче цимет во прав
1 лажичка какао во прав
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 лажица мед
1 портокал

Приготвување:

Изблендирајте 40 гр семки од тиква во ситен прав, а потоа ставете ги на чинија.
Ставете ги преостанатите семки од тиква и експандираниот ориз или киноа во блендерот со бадемите и урмите (најпрво ставете ги тврдите состојки), а потоа мешајте додека не се исечкаат ситно. Додадете куркума, цимет, какао, прстофат сол и исцеден сок од половина портокал. Мешајте додека не се соединат состојките, па додадете ванила и мед и добро измешајте. Доколку смесата е посува, додадете уште малку цеден сок од портокал.

Направете 24 бомбици со влажни раце и ставете ги во чинијата со прав од семки од тиква. Протресете да се премачкаат убаво насекаде. Во добро затворена кутија можете да ги чувате и до 2 недели.

Фотографијата е од ТУКА.