Примамливи рецепти со моркови

Веќе знаеме дека морковите се здрави, а и вкусни во сите комбинации, и во солени и во слатки и во смуди и во сок, но и сами по себе, зачинети и запечени.

0
153

Еве неколку примамливи, се разбира, брзи и едноставни рецепти со моркови, во слатка верзија, во солена верзија и во течна – односно, во смуди верзија.

Смуди со морков

Ставете во блендер шолја ананас, половина шолја моркови, половина шолја сок од портокал, половина шолја мраз и половина банана. Мешајте додека не добиете компактна, густа смеса.

Овој напиток може да биде вашиот вкусен и здрав појадок!

Зачинети медени млади моркови

Состојки:

половина килограм млади моркови
шолја ипол врела вода
прстофат каранфилче
прстофат цимет
лажица и пол мед
лажица путер
рендана кора од половина лимон

Приготвување:

Во покриена тава, варете ги морковите со зачините околу десет минути, додека не омекнат. Додадете ги останатите состојки, измешајте и исклучете ја ринглата. Послужете ги топли, со ориз или со пире од компири.

Зачинети моркови запечени во рерна

Исечете ги морковите на потенки стапчиња, како помфрит, попрскајте ги со маслиново масло и зачинете со сол, црн пипер, лук во прав и оригано и потпечете ги во рерна.

Колач со моркови

Состојки:

200 г рендани моркови

200 г брашно

120 г кафеав шеќер

100 г сечкани бадеми или ореви

1 лажичка прашок за печиво

1 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка ѓумбир во прав

1/4 лажичка мелено мускатно оревче

1/2 лажичка мелен цимет

120 мл растопен путер

1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200°C, а во меѓувреме подгответе ги состојките.
Во еден сад ставете ги сувите состојки и измешајте ги.
Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додадете ги маслото за јадење и екстрактот од ванила, па додадете ги сувите состојки и ренданите моркови.
Внимателно мешајте ги состојките со лажица за убаво да се соедини.
Готовата смеса истурете ја во подмачкан калап за печење (22 цм.) и печете околу 40 – 45 минути.
Фото: Pexels