Природен и здрав домашен џем од јаболка, без шеќер

Јаболката содржат доволно шеќер во себе, така што нема потреба да додавате дополнителен шеќер во овој домашен здрав џем

0
299

Самите јаболка содржат доволно шеќер, така што нема потреба да додавате дополнителен шеќер во џемот, па таквиот џем ќе биде многу поздрав. Ако сепак ја претпочитате варијантата со шеќер, можете да додадете 500 гр шеќер или како поздрава алтернатива, природен засладувач од стевиа.

Состојки:

750 гр рендани јаболка,
250 гр рендани моркови,
100 мл вода,
1 бурбон ванилин шеќер,
цимет (по избор),
каранфилче (по избор),
сок од пола до најмногу еден лимон

Приготвување:

Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболките, а потоа иситнете ги во блендер.
Измешајте ги со останатите состојки и ставете ги на оган.
Доведете ја смесата до вриење и варете на тивок оган, повремено мешајќи, околу 40 минути.
Може да се формира пена на површината за време на готвењето и таа треба да се отстрани.
Истурете го уште додека е топол џемот во стаклени тегли што треба претходно да се измиени и стерилизирани во рерна на 100-110°С.
Затворете ги и превртете ги теглите на неколку минути за да создадете вакуум.
Џемот треба постепено да се лади и да се чува на суво и ладно место.

Фото: Freepik