Природни замени за аналгетици

Кога нешто ве боли, наместо апчиња, земете ѓумбир, цимет, куркума, мајчина душица, арника или омега 3 масни киселини

0
147

Аналгетици без рецепт, како што е ибупрофен, не се ништо помалку опасни од оние што ги препишува лекар.
Со често земање ибупрофен, ризикувате срцеви заболувања, кои можат да бидат фатални. Имено, ибупрофенот го зголемува ризикот од срцева слабост за повеќе од триесет проценти.
Затоа, наместо таблети, земете ѓумбир, цимет, куркума, мајчина душица, арника или омега 3 масни киселини.

1. Ѓумбир

Коренот од ѓумбир се користи илјадници години како природен лек против болки.
Има многу широк спектар на делување, благодарение на своите биоактивни соединенија кои имаат моќни лековити својства.
Студија од 2009 година покажала дека коренот на ѓумбир е подеднакво ефикасен како ибупрофенот во ублажувањето на менструалната болка. Исто така, овој корен помага при болка во мускулите и зглобовите. Без разлика дали го земате ѓумбирот сиров или правите со него чај, ќе го постигнете истиот ефект.

2. Омега 3 масни киселини

Истражувањата покажале дека овие здрави масти ја ублажуваат непријатноста и болката кај луѓето кои се опоравуваат од операции и хируршки зафати. Омега 3 масните киселини помагаат во ублажување на болката од ревматоиден артритис.

3. Куркума

Куркумата се користи во ајурведската медицина подолго време за ублажување на разни здравствени заболувања кои се придружени со болка.
Биоактивното соединение куркумин има антиинфламаторно, антибактериско и антивирусно дејство и благодарение на тоа може да намали разни видови на болка. Една студија спроведена во 2014 година покажала дека куркумата дејствува силно како ибупрофенот за ублажување на болката во коленото при артроза. Исто така, помага при ПМС тегоби, како што се болки во грбот, главоболки, болни гради и болки во стомакот.
Куркумата како зачин најдобро е да се зема со црн пипер или некое здраво масло, како што е кокосовото масло, за подобра искористливост во организмот.

4. Цимет

Им помага на луѓето кои страдаат од артритис и други хронични болести.
Слично на мајчината душица и ѓумбирот, циметот помага и при дисменореа. Студијата исто така открила дека земањето цимет може значително да ја ублажи менструалната болка кај жените.
Можете да подготвите чај од цимет (измешајте лажичка цимет во прав со две лажички мед и додадете го во топла или врела вода).
Може да нанесете паста од цимет и мед на болните зглобови при артритис.

5. Мајчина душица

Одлична помош при ишијас и главоболки. Кога станува збор за проблемите со дисменореја (болна менструација), екстрактот од мајчина душица е подеднакво ефикасен како и ибупрофенот.
Можете да додадете мајчина душица во оброците, да направите чај или да го користите неговото етерично масло.

6. Арника

Се користи за разни болести – артритис, воспалени зглобови и болка во мускулите.
Студија од 2007 година покажала дека гелот од арника, кога се нанесува на кожата, го олеснува остеоартритисот и помага при болки во колената, како и ибупрофенот.

Фото: Pexels/Pixabay