Природно решение за гастритис

Тиквата, медот и јаболковиот оцет можат да ви донесат олеснување доколку и вас ве мачи воспаление на слузницата на желудникот, проследено со киселини, надуеност и болки при внесувањето храна.

0
351

Сè повеќе луѓе се соочуваат со гастритис, состојба која вклучува воспаление на желудочната слузница, придружена со киселини, надуеност и болка при јадење. Оваа состојба е предизвикана од покачена киселина во желудникот и може да се ублажи со народен лек, поточно, напиток направен од тиква, мед и јаболков оцет.

Потребни ви се:

300 г тиква
2 лажици мед
1 лажица јаболков оцет

Приготвување:

Во блендер смелете ги парчињата сирова тиква, додадете две лажици мед и една лажица јаболков оцет. Ако е премногу густо можете да додадете малку вода.
Консумирајте го напитокот во голтки во текот на денот. Потребно е да се испие една мала шолја во текот на денот.

Од овој напиток болката престанува моментално, а сокот од сирова тиква кој е многу вкусен и полн со витамини и минерали, вклучете го во вашето дневно мени, бидејќи е одличен за здравјето на целиот организам.

Фото: Pixabey