Пробајте го ова природно средство за јакнење на имунитетот

Протеините од козјата сурутка се споредуваат со протеините од мајчиното млеко.

0
358

Здравјето е наша секојдневна грижа, но во актуелната состојба со коронавирусот, не постои доволно добар и моќен начин да ви го кажеме ова:

Мора да му помогнете на својот имунолошки систем да се зајакне за да се одбрани од вирусот.

Сигурни сме дека имате свои техники како да го одржувате вашето тело во целосна сила и како да се одбраните од вирусот и да останете здрави.

На вашата листа сигурно се наоѓаат овие намирници:

цедени сокови,

лук,

цвекло,

сланина,

ѓумбир,

домашна супа,

физичка активност,

и уште многу други…

Но, недостасува една состојка која отсекогаш била споредна, е навистина ефикасна: козја сурутка.

Дозволете ни да објасниме зошто!

Сурутката е богата со калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, како и витамини: Б2, Б6, Б12, Ц, К. Да, сите овие!

Протеините од сурутка се споредуваат со протеините од мајчиното млеко.

Ако изберете проверен производител, тогаш можете да бидете сигурни дека станува збор за целосно природен производ, без никакви адитиви.

Ниската калорична вредност ја става во групата производи препорачани за слабеење.

Може да го конзумираат и деца, возрасни и бремени жени, и се препорачува за спортисти.

Може да се конзумира секој ден – во текот на целиот живот.

Можат да го консумираат и луѓе кои се нетолерантни на лактоза.

Порано козјата сурутка се фрлала. Настанувала како меѓупроизвод во текот на процесот на правење на козјо сирење и се сметала за целосно ирелевантен дел. Сепак, со текот на времето, откриено е дека оваа жолто-зелена течност носи исклучителни вредности за нашиот организам.

Не само што ќе помогне во зајакнувањето на имунитетот, туку докажано е и дека го подобрува варењето на храната и влијае на регенерацијата на црниот дроб. Можеме да напишеме посебен текст за сите нејзини придобивки, но она што е важно за вас сега да знаете е дека таа ќе помогне да се зајакне вашиот имунитет и да останете здрави.

Како да консумирате козја сурутка за најдобри ефекти?

Препорачаната доза е по една чаша секое утро.

Ако сакате и вашите деца да го пијат овој здрав природен пијалок, ќе биде многу полесно да ги навикнете со додавање на една лажица сурутка во прав во нивната чаша млеко, јогурт или нешто друго.

И во оваа форма, како прашок, козјата сурутка се препорачува да се внесува наутро, на празен стомак.

И на крај, запомнете, најдобриот начин да се грижите за вашето здравје во текот на целата година е да консумирате природни, здрави и богати со хранливи материи.