Пробајте Морс, руски напиток за јакнење на имунитетот

Брусницата, лимонот и медот се состојки на природниот еликсир кој штити од вируси и бактерии

0
219

Благодарение на нејзиното природно својство да остане свежа долго време, особено во услови на руската зима, брусницата одамна е меѓу најкористените природни состојки од кои се прават разни народни лекови. Брусницата има кисел вкус, успева во постудените делови на северната хемисфера и е многу отпорна на студ – може да издржи температура до – 40°С. Познатиот Морс, руски лековит напиток за јакнење на имунитетот, се прави токму од брусница. Морс е популарен во Русија не само поради кисело-слаткиот вкус, туку и поради неговите лековити својства за зајакнување на имунитетот, особено за време на зимскиот период.
Морс е руски народен лек богат со витамин Ц, кој доаѓа од брусницата, а со оглед на тоа што се прави со мед и лимон, овој пијалок може да ги елиминира различните причини за инфекции и да ги ублажи сите постојни воспалителни процеси во организмот.

За приготвување на Морс ви требаат:

2 шолји брусница
литар флаширана или изворска вода
мед по вкус
сок од половина лимон

Приготвување:

Измијте ги брусниците и ставете ги во цедалка поставена над подлабок сад. Исцедете го сокот со гмечење на бобинките. Добиеното комиње, ‘месото’ од плодот, ставете го во тенџере, додадете вода и варете на тивок оган.

Гответе десет минути.

Потоа тргнете го од оган, оставете го покриено уште дваесет минути. Исцедете ја добиената „супа“, измешајте ја со исцедениот сок од брусница. Засладете го овошниот пијалок со мед по вкус. Ако сакате, можете да додадете и сок од половина лимон. Сокот се служи топол, разладен, ладен или со мраз.

Фото: Pexels