Пробајте нешто ново: Пица од палента

Наместо тесто, направете подлога за пица од палента. Еве како

0
318

Состојки:

База од палента:

1 чаша инстант палента
3 чаши вода
прстофат сол
1 лажичка путер

Сос за пица:

Пире од домати
Оригано, босилек
Малку сол

За фил:

Шунка
Моцарела
Домати
печурки
Маслинки
Кромид

Приготвување:

Ставете вода во тенџере, додадете сол и почекајте да зоврие. Додека постојано мешате, додајте ја палентата, а потоа и путерот и продолжете да мешате на тивок оган додека смесата не почне да се одвојува од дното.
Истурете ја зготвената палента во калап обложен со хартија за печење и израмнете ја површината со шпатула натопена во ладна вода. Оставете да се излади и да се стегне.
Премачкајте со сосот од домати и состојки по ваша желба врз разладената палента. Печете на 200 ° C околу 15 минути. По печењето, оставете ја пицата да се олади за да се стегне палентата.

Фото: Pexels