Прокељ со брусница

Оставете ги вашите сомнежи настрана и пробајте го овој одличен рецепт за малите зелкички

0
344

Со додавање на оцет балсамико и брусница, прокељот ќе стане вашиот нов омилен гарнир. Тие се одлични за оние кои внимаваат на исхраната или сакаат да изгубат некој килограм, полни се со антиоксиданти и лесно се вклопуваат во речиси секое мени.

Состојки:

800 г прокељ

2 лажици маслиново масло

1 лажица оцет балсамико

½ лажичка сол

50 г сушена брусница

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Измијте ги зелчињата и исечете ги на половина. Прелијте ги со маслиново масло, оцет и посолете ги. Промешајте ги и преместете ги на тепсија обложена со хартија за печење. Печете 15 – 20 минути. Додадете брусница, промешајте и печете уште неколку минути.

Фото: Pixabey