Просо? Не е тоа само за птици?!

Луѓето го доживуваат главно како храна за папагали или за хрчаци, но просото е многу повеќе од тоа! Еве еден рецепт за крем супа со просо

0
714

Оваа одлична житарка не само што е вкусна, туку е и здрава. Верувале или не, просото е многу стара житарка и постои уште од неолитот. Се користи во исхраната илјадници години, но во Европа и Америка долго време се сметала само за добиточна храна.

Просото е исто така една од оние житарки што можат да ги јадат луѓе со целијакија затоа што не содржи глутен. Покрај безглутенското својство, тој е погоден за уште многу други работи. Погледнете за што станува збор на овој ЛИНК.

Поради јаткастиот мирис и вкусот на просото, добро оди и со солени и со слатки јадења, така што можете да го додадете во салати, чорби, рижото, па со него можете да подготвите одличен појадок или вечера. Ако сварите просо и го измешате со малку мед или јаворов сируп и свежо овошје, ќе добиете фантастичен и брз хранлив оброк.
Најдовме еден рецепт за вкусна супа од просо, која ќе ви даде дополнителна енергија за остатокот од денот. Во продолжение проверете го рецептот.

Состојки:

150 г просо
1 поголем морков, исечен на тркалца
1 кромид, исечен на четвртини
1 корен од целер, исечен на тркалца
Вода
морска сол и црн пипер
1 лажица куркума во прав
Сок од 1 лимон

Приготвување:

Во голем сад ставете го просото, морковот, кромидот и коренот од целер, и додадете толку вода колку што е потребно за да ги покриете сите состојки. Оставете го да се готви околу 20-25 минути, додека не омекне. Повремено проверувајте дали е потребна повеќе вода бидејќи просото ќе ја впие додека се готви. Додадете сол, црн пипер, куркума и сок од лимон.
Кога ќе се зготви, префрлете во блендер и мешајте додека не се добие кремава супа.

По потреба додадете повеќе вода за да не биде супата премногу густа.

Послужете во длабоки чинии и поросете со свеж исечкан магдонос, парче лимон и коцки препечен леб по ваша желба.

Фото: Pexels