Просто како грав, неважно како боранија

Кога сакате некого да навредите или да го омаловажите, најчесто употребувани се речениците, прост како грав или пак, стна боранија, но намирниците чии имиња ги употребуваме во овој контекст, ниту се прости, ниту неважни, напротив...

0
119

Иако ги има на нашите трпези од дамнешни времиња, тие не беа многу омилени, туку најчесто ручек од немајкаде. Кога станува збор за гравот, најчесто се прави кога треба да се најадат повеќе луѓе, па затоа и често се наоѓа на менито на војската, а сите велат дека кој не пробал војнички грав не знае што е грав. Но во последно време, гравот го доби заслуженото внимание и како вистинска суперхрана бидејќи содржи диетални влакна, протеини и антиоксиданти. Токму поради споменатите вредности, гравот исклучително поволно делува на нашето здравје. Го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во крвта и производството на инсулин, бидејќи има низок глихемиски индекс и сложени јаглехидрати кои се варат полека, добар е за здравјето на системот за варење и штити од рак, особено од рак на дебелото црево.

Со оглед на тоа дека сите видови на грав (бел, зелен, црвен, црн…) содржат многу малку маснотии и калории, се препорачува да се консумира почесто, а ова особено важи за луѓето кои страдаат од дијабетес и за оние кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина.

Гравот докажано го намалува и ризикот од срцеви болести поради веќе споменатата ниска содржина на масти, и пред се на заситени и транс-масти. Но, ни тука не е крајот. Гравот изобилува и со фолна киселина која е исклучително важна за бремените жени, а поволно делува и на менталното здравје поради витаминот тиамин кој учествува во производството на енергија и во синтезата на ацетилколин, невротрансмитер за памтење.

И боранијата која спаѓa во можеби најнеомилените јадења има фантастични здравствени придобивки.

Многу од здравствените придобивки на боранијата се изненадувачки, бидејќи овој мешункаст зеленчук може да понуди многу повеќе отколку што обично се мисли.

Боранијата е полна со антиоксиданти и есенцијални хранливи материи. Содржината на ова растение вклучува влакна, протеини, омега 3 масни киселини, калциум, железо, флавоноиди и каротеноиди. Како таквa, боранијата има бројни придобивки за нашето тело и ум.

Откриено е дека боранијата, како и другите мешунки, помага во контролата на дијабетесот со регулирање на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажаа дека овој вид на растение има хипогликемичен ефект врз пациенти со дијабетес. Ова е големо откритие, бидејќи во минатото беше тешко да се најдат природни регулатори на дијабетисот.
Калциумот е скоро бескорисен во однос на силните коски, ако не се најде во комбинација со витамин К. Нашето тело не може да произведува протеини кои им овозможуваат на коските да прифаќаат и да користат калциум без овој витамин. Покрај тоа, витаминот К ја минимизира загубата на минерали управувајќи со метаболизмот на коските. Шолја боранија содржи скоро 20 проценти од препорачаната дневна доза на витамин К.

Неколку студии ја поврзаа консумацијата на боранија со спречување на полипи на дебелото црево. За овие полипи се знае дека доведуваат до рак. Студиите исто така покажаа дека зголемувањето на внесот на овој мешункаст зеленчук ги намалува шансите за карцином на дебелото црево, како и повторна појава на аденоми. Оваа билка богата со влакна помага да се одржи нашиот дигестивен систем правилен, што го намалува притисокот врз цревниот тракт. Се покажа дека неговите корисни својства се ефикасни во спречување на рак на дебелото црево и други дигестивни карциноми.
Една од главните предности на боранијата е високо ниво на антиоксиданти. Мешунките се полни со каротеноиди и флавоноиди. Од каротеноидите, присутни се лутеин и бета-каротен, додека флавоноидите кои се наоѓаат во боранијата се катехин, епикатехин, каемферол и кверцетин. Предностите на овие антиоксиданти ја вклучуваат нивната способност да ја намалат можноста за мозочен удар, како и борбата против слободните радикали кои доведуваат до бројни болести.

Каротеноидите зеаксантин и лутеин пак, кои ги содржи боранијата се корисни за нашиот вид. Тие работат заедно за да ги намалат шансите за дегенерација на макулата. Со задоволително ниво на каротеноиди во нашето тело, се спречува влошувањето на видот со намалување на стресот на внатрешното око додека се штити целокупната функција на видот и очите.

И како што веќе споменавме, боранијата е богата со растителни влакна, што значително ја намалува количината на холестерол во нашето тело со намалување на нејзината реапсорпција преку жолчните киселини. Оваа придобивка од влакната помага да се задржи холестеролот на завидно ниво. Калиумот во мешунките исто така помага во одржување на нормалниот крвен притисок, што помага да се одржи нашето срце здраво подолго.

Многу луѓе во модерно време страдаат од стомачни проблеми, а многу често виновникот е што не се внесуваат доволно влакна во организмот. Предностите на боранијата го вклучуваат неговиот диуретичен ефект врз дигестивниот систем. Богата со растителни влакна, го стимулира природниот проток на урина и редовните столици, што го ослободува организмот од штетни токсини. Други болести чии заболувања ги ублажуваат хранливите материи во боранијата се разните цревни заболувања, хемороиди, запек и чиреви.

И на крајот, фолната киселина што се наоѓа во боранијата помага во развојот на фетусот, поради што е многу важно да се јаде овој зеленчук за време на бременоста. Хранливите материи во боранијата се од витално значење за правилен развој на срцето, мозокот и респираторниот систем на бебето. Покрај тоа, боранијата делува спречувајќи можни дефекти на невралната туба кај фетусот.

Фото: Unsplash