Против упорна кашлица: Пет најдобри напитоци за искашлување и олеснување на тегобите

Ви предлагаме неколку домашни препарати за кои се смета дека го поттикнуваат искашлувањето и ги олеснуваат тегобите.

0
839

Она што е потребно кога кашлицата ни прави проблеми е да се ослободиме од слузта од душникот. Ви предлагаме неколку домашни препарати за кои се смета дека го поттикнуваат искашлувањето и ги олеснуваат тегобите.

Чај од сладунец (сладок корен)

Покрај другите позитивни ефекти, сладунецот делува смирувачки на мукозните мембрани и има долга традиција во третманот на кашлица и астма. Можете да направите чај од самиот сладунец, или да додадете малку од него во друг чај од билки. Имајте на ум дека не треба да претерувате со пиење чај затоа што може да се појави висок крвен притисок, летаргија и главоболки.

Босилек

Кралот на зачините, босилекот, традиционално се користи кај воспаление на непцата и слузницата на устата, кај настинки, грип или кашлица. Секојдневно јадете десет ливчиња босилек за појадок како заштита од настинка. Ако кашлицата сепак ве нападне, подгответе чај од босилек. Истурете вода што врие над исушените лисја од босилек и оставете ја во покриен сад десетина минути. Редовно земајте чај, но по осум дена, одморете се две недели.

Чај од слез

Ставете една лажица слез во топла вода и оставете го околу 20 минути. Доколку е потребно, додадете мед (одличен антисептик кој ги смирува иритациите и отоците на грлото) и пијте. Овој чај најдобро се пие свежо подготвен.

Урми

Измешајте половина килограм урми, половина килограм смокви и 30 грама жалфија со 4,5 литри зовриена вода. Гответе ги овие состојки половина час, исцедете го и сведете го сирупот на 1,1 литар. Земајте по потреба.

Компир

Ако кашлицата ви е сува, варете ја кората од компир и засладете. Земајте по една лажица неколку пати на ден.

Мајчина душица

Направете чај од мајчина душица, разладете го и направете гаргара! Со подготовка на чајот, од растението ја извлекувате супстанцијата тимол, која делува како моќен антисептик.

Фото: Pixabay