Проја со рукола и спелтино брашно

Пробајте уште една нова варијанта на проја во која освен пченкарно, има и брашно од спелта, а особено специфичен вкус му дава руколата

0
254

Состојки:

4 јајца

400 г пченкарно брашно

200 г брашно од спелта

200 мл јогурт

150 мл маслиново масло

рукола

1 прашок за пециво

сирење, пармезан (по избор)

семки за поросување

Приготвување:

Изматете ги јајцата па додадете јогурт и масло. Потоа додавајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво. На крајот помешајте ја внатре исечканата рукола, сирење и пармезан по ваш вкус.

Ставете ја смесата во тепсија во која претходно сте ставиле хартија за печење. Поросете со семки по ваш вкус.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути.