Путер од кикирики за здраво срце, за дијабетичари, но и за фаќање глувци и чистење дамки

Освен што е здрав и вкусен, путерот од кикирики има и некои други својства поради кои ќе сфатите дека е добро секогаш да го имате дома. Се разбира, ако можете да му одолеете и да не го изедете цел уште првиот ден

0
724

Путерот од кикиритки содржи незаситени монокиселини, ниацин, магнезиум и витамин Е, кои заедно влијаат на функцијата на срцето. Слични својства има и маслиновото масло. Затоа е пожелно да се најде во нашата секојдневна исхрана.

Сепак, треба да се има на ум дека е полн со калории. Една тегла содржи повеќе од 2.000 калории, затоа се препорачува една лажица дневно.

Природниот путер од кикиритки е совршен избор за луѓето кои страдаат од дијабетес. Бидејќи содржи мала количина на јаглени хидрати и оптимална количина на добри маснотии, влакна и протеини, не влијае значително на нивото на гликозата во крвта.

Покрај тоа, содржи магнезиум кој е неопходен за правилно функционирање на телото.

Пред да го консумирате проверете дали сте алергични на некоја од состојките, бидејќи кикириките се чести алергени. И конечно, путерот од кикирики, иако е полн со калории, помага да ослабнете.

Ова се должи на изобилството на протеини, незаситени масти и влакна кои во нашето тело создаваат чувство на ситост. На овој начин јадеме помалку храна, особено блага.

Освен што е здрав и вкусен, путерот од кикирики има и некои други својства поради што ќе посакате секогаш да го имате дома. Еве за што се можете да го употребите:

1) За отстранување на гумата за џвакање. Маслото во путерот од кикирики помага да се отстрани гумата за џвакање залепена под маса, на подот, во вашата коса…

2) Помага децата полесно да ги испијат лековите. Според LifeHack, путерот од кикирики е одличен начин да се замаскираат лековите што треба да им ги дадете на домашните миленици или на вашите деца.

3) Ги отстранува големите дамки од вашиот автомобил. Ставете путер од кикирики на ветробранското стакло и секаде кадешто има упорни тврдокорни дамки и оставете да делува неколку минути, а потоа измијте ги!

4) Направете смути. Познато е дека путерот од кикирики во сендвич е одличен избор, но пробајте со него да додадете и екстра протеини во вашето смути.

5) За отстранување на лепило од етикети. Маслата во путерот од кикирики ќе ви помогнат да го отстраните лепилото од етикети.

6) Исчистете ги рацете. LifeHack сугерира путер од кикирики за отстранување на лепливи остатоци од вашите раце.

7) Фатете глушец. Не му верувајте на долгогодишниот мит дека глувците сакаат сирење. Обидете се да го фатите несаканиот гостин со помош на путер од кикирики на стапицата.

8) Ги отстранува лошите мириси. Обидете се да загреете путер од кикирики во тавата за да се елиминираат остатоците од мирисот од готвењето во вашиот дом.

9) Користете го наместо обичен путер. Путерот од кикирики има слични особини како и обичниот путер па секаде кадешто се препорачува употреба на путер, можете да го замените со путер од кикирики.

10) Направете го непропустлив корнетот за сладолед. Ставете малку путер од кикирики во корнетот пред да го наполните со сладолед и тој нема да протече.

Фото: Pixabey