Путер од сончоглед наместо путер од кикиритки

Можете да го направите многу лесно, а она поради што е подобар избор од путерот од кикиритки е тоа што содржи дури 30 проценти помалку маснотии.

0
115

По изглед и вкус, путерот од семе сончоглед личи на путер од кикиритки, но има дури 30 проценти помалку маснотии. И најдобро од сè е тоа што можете да го направите самите веднаш кога ќе посакате.

Овој путер е полн со витамин Е, има богат вкус, кремаст е и добар за мачкање.

Состојки:

Прво подгответе ги состојките. Ќе ви требаат:

3 шолји (250 мл) сирови лупени семки од сончоглед

3/4 лажичка сол

1 ипол лажица мед (или кој било сличен „засладувач“)

1-2 лажици маслиново масло.

Приготвување:

Ставете ги семките во тепсија и пропржете ги кратко една до две минути, постојано мешајќи ги со дрвена лажица за да не изгорат. (Не купувајте пржени за да го прескокнете овој чекор, бидејќи немаат доволно влага за да се добие кремав путер). Но внимавајте и да не ги препечете бидејќи ќе ја изгубат влажноста.

Ставете ги во блендер со 3/4 лажичка сол и една лажица мед.

Кога семето ќе се претвори во прав, не треба веднаш да додавате маслиново масло, бидејќи ќе добиете путер полн со грутки. Продолжете со мешање уште 10 минути, бидејќи по тоа време тие ќе започнат да ослободуваат сопствено масло, па сончогледовиот прав ќе стане путер од сончоглед. Продолжете со мешање уште пет минути додека смесата не стане помека. Додадете уште пола лажичка мед. Продолжете со мешање и постепено додавајте маслиново масло (една или две лажици) додека не видите дека смесата се претвора во путер.

Пробајте ја. Ако сакате, можете да додадете цимет или ванилин шеќер. Префрлете го во стаклен сад и затворете.

Можете да го мачкате на препечен леб или во некоја друга комбинација, со свеж морков, јаболко или банана.

Фото: Freepik