Работите од дома? Ако се плашите од вишок килограми, еве како да го спречите тоа!

Работата од дома во моментов е еден од најважните начини за спречување на ширењето на вирусот, но исто така може да биде и можност за зголемување на телесната тежина. Како да не се доведеме во ситуација од која подоцна ќе ни биде тешко да најдеме излез?

0
213

За да спречите несвесно прејадување, направете рутина за да го регулирате шеќерот во крвта, хормоните на глад, менталната и физичката енергија и здравјето на дигестивниот систем.

Обидете се да појадувате еден час откако ќе станете, и сметајте на уште три оброци или три оброци и еден меѓуоброк, со растојание од 4 до 5 часа.

На пример, направете појадок во 8 часот, ручек напладне, меѓуоброк во 16 часот, вечера во 18 или 19 часот. Секако обидете се да издржите 5 часа без јадење, ако е потребно наместете аларм на вашиот мобилен телефон додека не стекнете рутина. Без распоред најверојатно ќе јадете без размислување и многу!

Внимавајте на балансот на нутриенти во оброкот

Размислете за тоа што ставате во вашите оброци наместо да ги земате намирниците без размислување. Вклучете протеини и здрави масти во секој појадок, ручек или вечера, бидејќи овие намирници ќе ја поттикнат работата на метаболизмот и ќе го одржат вашиот имунолошки систем здрав. За „горивото“ што ќе го користат мозокот и телото, користете помали порции јаглени хидрати.

На пример, наместо голема чинија снегулки и сок, направете смути со овошје и зеленчук и протеински прав. Можете да јадете јајца на маслиново масло и со ориз…

Ако внимавате што јадете, сигурно ќе го запрете зголемувањето на телесната тежина.

Дали размислувате за тоа што пиете?

Секогаш имајте при рака вода за пиење во текот на денот, избегнувајте засладени пијалоци и сѐ што содржи вештачки засладувач. Премногу шеќер може да го ослабне вашиот имунитет, а вештачките засладувачи докажано ви го нарушуваат апетитот и ви ја будат желбата за слатко.

Ако пиете алкохол, обидете се да чувате умерени количини бидејќи алкохолот значи само внесување на дополнителни калории. Наместо да посегнете по алкохол, повикајте некој пријател или член на семејството.

Препознајте ја разликата помеѓу физичката и психичката глад

Во овој стресен период, тешко е да се препознае дека на организмот му треба „гориво“ или само му треба храна за да ги „нахраните“ емоциите. Слушајте го вашето тело – ќе ве извести дали има потреба од храна, еден од знаците е кркорењето на цревата.

Ако знаете дека сте јаделе доволно, а сакате уште храна, можеби станува збор за задоволување на чувството на осаменост и анксиозност. Ако не знаете како да ја препознаете разликата, угодете си, но без храна. Не гледајте телевизија или мобилен телефон додека јадете. Престанете да јадете кога ќе почувствувате дека е доволно. Остатокот оставете го за друг оброк.

Не се откажувајте од сè што сакате

Не е реално да очекувате дека ќе се откажете од сè што сакате, уживајте во омилените слатки, но такашто ќе бидете свесни за тоа што го правите. На пример, ако сакате да го јадете вашиот омилен колач после ручекот, исфрлете ги јаглехидратите од него. Значи, не станува збор за откажување од сè, туку за умереност, која денеска, повеќе од кога и да било, е клуч за здравјето.

Фото: Pexels