Рен, мед и ореви: природен антибиотик и лек за бронхитис, реума, проблеми со варењето…

Секоја од овие состојки и поединечно, сама за себе, е одличен избор за организмот, а комбинацијата од трите - одличен природен антибиотик, лек за белодробни заболувања, но и за општата здравствена состојба.

0
438

Веројатно сте запознаени со чувството за оној силен вкус на свежиот рендан рен кој ви го одзема здивот, ви ги насолзува очите, но исто така и ве отвара.

Не залудно, една германска поговорка вели дека ренот го проветрува духот. Поради неговите исклучителни лековити својства, почесто би требало да се „проветруваме“ со ренот. Тоа е тврдо растение со високи, богати лисја и дебели, длабоки корени, богато со витамин Ц (содржи двојно повеќе од лимонот) и есенцијално масло, богато со мирисни сулфурни соединенија глукозинати. Ренот содржи и витамини од групата Б и разни минерали: калиум, калциум, железо, магнезиум, фосфор, силициум …

Во пролет, во салатите може да се додадат млади лисја од рен. Коренот пак, може да се вади цела година.

Лековит зачин

Ренот најчесто се користи како зачин во храната – одличен е во сосови, салати и зимска храна или  едноставно како свежо рендано гарнирче со варено или печено месо и колбаси.

Ренот е природен антибиотик со силно антибактериско дејство, затоа долго време се користи во народната медицина за зајакнување на имунитетот и против кашлица, болести на белите дробови и генерално, инфекции. Рендан сируп од рен со мед, прополис и семе од анасон се препорачува како еден од најдобрите природни сирупи за лекување на белодробни заболувања.

Ренот ја стимулира работата на жолчката, црниот дроб, панкреасот, цревата и желудникот. Помага против болести на уринарниот систем и камења во бубрезите, ја ублажува болката при ревматизам и артритис, ја чисти кожата.

Подготовки на лек за кашлица

На свежо ренданиот рен додадете му малку оцет од јаболко и малку мед и земајте по една лажичка неколку пати на ден.

Облог за ревматизам и артритис

Ставете свежо рендан рен во памучна крпа и ставете го на болното место такашто платното да е во контакт со кожата. Отстранете го облогот кога ќе почувствувате печење, бидејќи ренот може да предизвика плускавци и изгореници на кожата. Пред и по нанесувањето на облогот, добро е да ја подмачкате кожата со маслиново масло.

И покрај своите лековити својства, ренот треба да се користи со претпазливост, бидејќи во прекумерни количини може да предизвика дијареја, потење, крварење во бубрезите. Не треба да биде во контакт со гола кожа долго време бидејќи може да предизвика плускавци и изгореници. Ренот не се препорачува за деца, луѓе кои имаат чир на желудник или дисфункција на тироидната жлезда

Инаку, комбинацијата на мед и ореви го снабдува нашето тело со сите потребни витамини, минерали, протеини, масти, јаглехидрати и многу повеќе.

Медот и оревите лекуваат импотенција, анемија, главоболки, чиреви на желудник, а комбинацијата на ореви и мед е докажано силна како и некои од најмоќните фармацевтски производи. Е се замислете колку е ефикасна комбинацијата од сите три – рен, мед и ореви. Најдобро е тоа што оваа смеса е вкусна и не мора да ја употребувате само како лек за нешто, туку е одлична како додаток во оброците, особено оние со месо.