Рецепти со киноа

Ако немате идеја како да ја употребите оваа здрава намирница, еве два едноставни и брзи предлози

0
500
Киноа со зеленчук
Состојки:
200 г киноа
200 г карфиол
200 г брокула
200 г моркови
1 кромид
1 кромид

зачини, сол и црн пипер

Приготвување:

Варете ја киноата во вода околу 15 минути. Карфиолот и брокулата згответе ги на пареа.

Во тава со масло пропржете ги кромидот и морковот и додадете ги карфиолот и брокулата. Динстајте се заедно 10 минути и додадете ги киноата, зачините, сол и црн пипер. По желба додадете и домати, иако во овој период тие се уште не се вкусни како во летниот период.

Песто со киноа

Состојки:
200 г рукола
1 китка свеж магдонос
100 мл маслиново масло
100 г семки од тиква

200 г сварена киноа.

Приготвување:

Во блендер, измешајте ги руколата и магдоносот, додадете ги маслото и семките од тиква и сол по вкус и измешајте сè додека не добиете компактна смеса.

Додадете ја киноата во пестото и уживајте во необичниот вкус.

Фото: Pexels