Рецепт за домашен леб од хељда и зошто е добро да се консумира

Хељдата не содржи глутен, па затоа овој леб е погоден за оние кои се алергични на него. Го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем, го намалува ризикот од карцином, го намалува нивото на шеќер во крвта, високиот крвен притисок и холестеролот.

0
320

Пред да започнете со подготовка, имајте на ум дека за разлика од пченичното брашно, брашното од хељда има многу слаба врзувачка моќ, токму затоа што нема глутен, такашто секој контакт со метал го влошува соединувањето. Кога подготвувате леб од хељда, месете го во пластичен сад со дрвена лажица.

Потребни состојки за леб од хељда:

1 кесичка сув квасец (или свеж квасец по желба)

½ литар млака вода

500 грама брашно од хељда

лажичка сол

лажичка кафеав шеќер

3 лажици маслиново масло

Приготвување:

Истурете го брашното во поголем сад и додадете ги сувиот квасец, сол и шеќер. Промешајте и додадете го маслиновото масло. Потоа постепено додавајте од млаката вода и мешајте додека да се искомбинира целосно. Потоа, оставете го тестото да се крева околу половина час до 40 минути.

Вклучете ја рерната на 250 степени за да се загрее, а во меѓувреме подмачкајте го садот за печење и ставете го тестото во него. Печете околу 45 минути на температура од 200 степени. Премачкајте лебот со малку маслиново масло за да ја направите кората поубава и повкусна.

Еве неколку причини зошто треба да го вклучите лебот од хељда во вашата исхрана:

Хељдата е богата е со диетални влакна, содржи осум основни аминокиселини, богата е со минерали – содржи фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар и манган, како и со флавоноиди, особено рутин. Го намалува нивото на шеќер во крвта, па е корисно за дијабетичарите.

Откриено е дека хељдата го намалува високиот крвен притисок и холестеролот.

Не содржи глутен, па затоа е погоден за оние кои се алергични на него. Го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем, го намалува ризикот од карцином.

Фото: Pixabey