Сакате да изгубите некој килограм? Не ги јадете овие 5 намирници пред спиење

Не мора да легнувате гладни, но внимавајте што јадете, ако сакате вагата да не ве шокира,

0
1681

Слабеењето не е лесен процес и треба да се земат предвид голем број фактори за да биде што побрз и поделотворен. Еден од нив е и вечерата.

Не мора да легнувате гладни, но внимавајте што јадете, ако сакате вагата да не ве шокира. Еве што не треба да јадете навечер.

1. Месни производи

Колбаси, салами и други месни производи не се најдобриот избор за вечера. Ако не се домашни, тие се богати со конзерванси, засилувачи на вкус, сол, шеќер и лоши масти. Сето погоре, покрај загрозувањето на здравјето, поттикнува и дебелеење.

2. Пица

Кој не сака да поминува вечери со добар филм и пица? Но, ова уживање има своја цена – маснотии околу струкот и недостаток на енергија. Пицата е многу калоричен избор за вечера. Богата е со јаглени хидрати и масти – тесто, вкусно топено сирење, салама, сос од домати – сето тоа е многу вкусно, но и дебелее.

3. Јаткасти плодови

Можеби не очекувавте лешници, бадеми и ореви на оваа листа, но тука се. Јаткастите плодови се богати со хранливи материи, но исто така богати се и со маснотии (навистина здрави, но сепак маснотии). Бидејќи веројатно нема да вежбате после вечера, нема каде да ги потрошите тие калории. Затоа, оставете ги за појадок.

4. Путер од кикирики

Путерот од кикирики е еден од најпопуларните и здрави намази (ако е домашен), но бидејќи е богат со маснотии и со калории, не е добар избор за вечера, Наместо тоа, јадете го за појадок или како меѓуоброк.

5. Помфрит

Без разлика дали ќе го нарачате во ресторан или ќе го подготвите дома, помфритот во никој случај не е добра идеја за вечера. Просечна порција од околу 140 грама содржи 430 калории. Имајќи предвид дека се работи за чисти јаглехидрати пржени во длабоко масло и добро посолено, не е чудно што влијаат на состојбата на вагата.

Фото: Unsplash