Сакате да ослабнете неколку килограми?

Сигурно ви е омилено слабеењето со помош на храна. Еве, најдовме нешто за вас: Јадете мед пред спиење

0
555

Кога сакате да ослабнете, сигурно ви е најтешко навечер, кога треба да си легнете со празен стомак, па едвај одолевате да не ставите нешто во уста. Еве, најдовме нешто токму како за вас и нас! Пред спиење, јадете мед!

Медот содржи голем број витамини, вклучувајќи ги Б6, Б1, Б2 и Б5, минерали како калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор, калиум, натриум и цинк, како и антиоксиданти и аминокиселини.

Ако во овој период кога не се излегува многу и голем дел од нас работат од дома, сте стекнале неколку вишок килограми, сега е време да се ослободите од нив. Експертите препорачуваат да јадете лажичка мед пред спиење или да ја ставите во шолја топла вода и да ја испиете.

На тој начин, велат експертите, ја стимулирате работата на црниот дроб, го забрзувате метаболизмот што ги согорува маснотиите и го намалувате нивото на хормоните на стресот. Медот има големо влијание на спиењето, но и на слабеењето за време на спиењето.

Но, покрај тоа што јадете мед пред да одите во кревет, доколку сакате да ослабнете треба да ги промените и лошите навики на јадење и живеење.

Фото: Unsplash