Сакате нешто слатко, брзо и лесно?

Неверојатно е како можевме да заборавиме на оваа торта која се прави за само половина час, ама најдобра е следниот ден.

0
436

Состојки:

1 пакет (450 г кекси)

1 кг јаболки (слободно ставете и повеќе, ќе биде уште повкусно)

600 мл вода

максимум 5 лажици кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

2 пудинга од ванила

1 лажица густин (ако имате повеќе од килограм јаболки)

шлаг за горе, по желба

Приготвување:

Излупете ги и изрендајте ги јаболката и заедно со шеќерот и 500 мл вода ставете ги во тенџере, вклучете ја ринглата и варете ги околу 10-15 минути. Во 100 мл вода измешајте ги двата прашоци за пудинг (ако ставивте повеќе од 1 кг јаболки, додадете и 1 лажица густин). Промешајте уште 3 минути и тргнете го филот настрана.

Наредете во некој сад еден ред кекси, па ставете од филот. Наредете уште еден ред кекси и ставете го цел преостанат фил. На крајот наредете и трет ред кекси и ставете ја тортата во фрижидер.

Најубава е кога ќе отстои преку ноќ. Пред сервирање ако сакате премачкајте ја со шлаг.