Свежо рендана салата за здрав и лесен ручек

Сигурно како и после Нова година и Божиќ, и деновиве после Велигден, чувствувате дека сте претерале со храна. Олабавете го малку дигестивниот систем и направете си денеска за ручек една обична свежо рендана салата од цвекло, јаболко и ѓумбир

0
128

Цвеклото, како и сите други корени, е една од најевтините и најздрави намирници и освен што кога ќе го ставите во салата ќе ги обои сите други состојки кои потоа не не можат да се распознаат, е супер избор во најразлични варијанти.

Особено вака – свежо рендано во комбинација со рендано јаболко, рендан ѓумбир, суво грозје, маслиново масло, малку мед и многу лимон и свеж магдонос.

Па после обилните велигденски трпези, ред е и за еден ваков здрав и лесен ручек, нели?