Светски ден на храната: Четириесет отсто од светската популација, не можат да си дозволат здрава исхрана

Натпреварот FAOphoto за Светскиот ден на храната ги повикува сите да ја користат моќта на фотографијата и да ја покажат моменталната состојба на нашите системи за храна или да презентираат идеи за подобрување на системот во иднина.

0
68

Светот што го замислуваме (и кој може да стане реалност!) е оној каде што сите луѓе можат да уживаат во храната што е добра за нив, добра за луѓето што ја одгледуваат и добра за планетата. Тезгите на локалните пазари или полиците во продавниците за храна секогаш да се полни со локално одгледувана храна и се помала количина да завршува како отпад, а синџирот на снабдување со храна да е поотпорен на шоковите како што се екстремните временски услови, скоковите на цените или пандемијата.

Како да направиме ова навистина да се случи на терен?
Преку:
Заштита на културната и биолошката разновидност
Едукација и мобилизирање на луѓе
Влијаење врз политиките во јавниот и приватниот сектор
Нашите акции се нашата иднина

Секоја година на 16 октомври се одбележува Светскиот ден на храната. Ситуацијата со достапноста на храната одамна не била потешка. Повеќе од 3 милијарди луѓе, или речиси 40% од светската популација, не можат да си дозволат здрава исхрана. Покрај тоа, речиси две милијарди луѓе се со прекумерна тежина или дебели заради лошата исхрана и седечкиот начин на живот. Затоа, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) оваа година организира активности за да го привлече вниманието на јавноста кон проблемите во системите за храна, но и да им овозможи на сите да се приклучат во решавањето на проблемот.

Херои на храната

Без разлика дали некој има 5 или 105 години, може да стане „Херој на храната“ и да учествува на конкурсот за најдобра фотографија што илустрира едно од четирите можни подобрувања: подобра продукција, подобра исхрана, подобра средина или подобар живот во руралните области. Натпреварот FAOphoto за Светскиот ден на храната ги повикува сите да ја користат моќта на фотографијата и да ја покажат моменталната состојба на нашите системи за храна или да презентираат идеи за подобрување на системот во иднина. Крајниот рок за поднесување фотографии е 24 октомври 2021 година, на полноќ.

Фото конкурс – патување на храната

Со оглед на важноста на земјоделството за сите нас, никогаш не е рано да започнеме да зборуваме за тоа. Малку е познато дека малите земјоделци произведуваат повеќе од една третина од вкупната храна во светот, и покрај предизвиците со кои се соочуваат заради сиромаштијата и недостатокот на пристап до финансии, знаење и технологија. Во моментов земјоделскиот сектор вработува 1 милијарда луѓе, повеќе од кој било друг сектор во светот.

Сепак, 14% од светската храна е уништена заради несоодветна берба, ракување, складирање и транспорт; додека други 17% пропаѓаат кај потрошувачите и никогаш не се користат. Со цел да се создаде свест за овие проблеми кај децата и да се вклучат во нивното решавање, воспоставен е конкурсот за плакати на ФАО кој трае до 5 ноември 2021 година. Сите млади луѓе на возраст од 5 до 19 години можат да учествуваат на натпреварот со поднесување на нивното решение за плакат на тема „патување на храната“.

Ајде да учествуваме сите

Честопати се занемарува дека климатските промени влијаат на лошите приноси и продуктивноста и дека можат да придонесат за промени во составот на хранливите материи на основните култури, вклучително и намалување на протеините, основните минерали и витамини. Светските системи за храна во моментов се одговорни за 33% од светските емисии на стакленички гасови што доведуваат до ефект на стаклена градина. Биодиверзитетот страда и почвата е уништена како резултат на се поинтензивното земјоделство и зголемената потрошувачка на храна што бара многу ресурси. За да ги намалиме негативните последици од овие предизвици, сите ние мора да се вклучиме во нивното решавање. Начините на кои секој од нас лично може да придонесе за ублажување на овие проблеми се прикажани на веб -страницата на Светскиот ден на храната и социјалните мрежи со хаштаг #WorldFoodDay. Секој напор се брои!

 Фото: Freepik