Свинско месо – во дуњи

Има ли подобро време за експерментирање со дуњи од ова? Еднаш сваривте компот, можеби направивте и слатко, па се прашувате, што да правите со оние дуњи кои ви преостанаа?

0
129

Ако сакате да експериментирате со вкусовите и не сакате да ви е здодевно додека јадете едно па исто секој ден, време е да ги додадете дуњите и во еден обичен ручек со свинско месо. Ќе добиете ексклузивен вкус, а на дуњите ќе гледате со сосема други очи.

Тие не се само оние, главно, цврливи плодови кои се добри за компот, евентуално за слатко или за она т.н.сирење од дуњи, не, дуњите се одличен прилог со месо, а особено кога ќе ги издинстате заедно со него.

Пробајте, нема да се покаете.

Земете свинско месо по ваш вкус, без оглед дали станува збор за кременадли или кртина, принципот на подготвување е ист. Го пропржувате кромидот на масло, го додавате месото, додавате вода и зачини, задолжително, ловоров лист и црн пипер во зрна и го оставате да се динста. Овојпат, покрај сето ова, додавате и измиени и убаво исчистени полумесеци од дуњи и динстате сѐ заедно. Гарнирајте со палента.

Вкусот е неверојатен. Само обезбедете се со повеќе дуњи додека сѐ уште можат да се најдат.

Рецептот е на госпоѓа Зорица Блажевска од Скопје.

Дали сте ја пробале досега оваа комбинација?