Севилја прави електрична енергија од портокалите кои завршуваат како отпад

Шпанскиот град Севилја: дом на палати, портокали, и сега, на брилијантно граѓанско иновативно рециклирање со кое милиони тони овошје ќе се претворат во електрична енергија.

0
89

Кога пролетниот воздух ќе го исполни мирисот на цветови од портокал, велат, градот е најубав, но повеќето туристи не се свесни дека многу од 5,7 милиони килограми од портокалите од 50 000 горчливи дрвја на портокал на крај ќе завршат и ќе се распаднат на градските тротоари.

Мувите се собираат околу овие купишта лепливи портокали што ферментираат и кои под притисокот на автомобилските тркала се пикаат меѓу камените плочи и се вистинска главоболка за градската санитарна служба.

Емасеса, компанијата што контролира голем дел на пазарот за потребите за прочистување на водата и канализацијата во Севилја, одлучила да го земе целиот тој органски отпад и да го претвори во различен вид на сок.

„Емасеса промовира пилот проект во постројката за третман на отпадни води Коперо втора година по ред за генерирање чиста енергија благодарение на сокот од горчлив портокал од улиците на градот“, стои во соопштението за печат од веб-страницата на компанијата.

Сокот од горчливиот портокал е богат со фруктоза – се состои од многу кратки јаглеродни ланци. Ова предизвикува процесот на ферментација да биде жежок; доволно за напојување на пет домови за еден ден со само еден тон портокали.

Остатокот од портокалот што останува е претворен во компост за обновување на почвата на локалните полиња.

Тимот што стои зад овој проект, според извештајот на „Гардијан“, верува дека ако сите портокали во градот што не биле извезени во Велика Британија – кадешто се користат за правење мармалад – биле испратени во електраните на метан, 73.000 од севилјските домови би добиле зелена, или можеби е подобро да се каже, портокалова, моќност за време на сезоната на берба.

Портокалите кои се користат за оваа цел се премногу горчливи за да се јадат, па најчесто се фрлаат пред почетокот на летото.

Фото: Pixabay