Сега е вистинско време да уживате во сините плодови, кои се добри за здравјето

Ако се јадат редовно како овошен оброк, боровинките имаат корисен ефект врз срцето, мозокот и шеќерот во крвта.

0
267

Боровинките се вистински еликсир за организмот, а ако се консумираат редовно, имаат корисен ефект врз срцето, мозокот, шеќерот, но и како превенција од рак.

Добри се за срцето

Бројни студии воспоставија врска помеѓу боровинките, односно храната богата со флавоноиди и подобрувањето на здравјето на срцето. Некои истражувања сугерираат дека боровинките можат да имаат значителни здравствени придобивки за луѓето со висок крвен притисок, кој е главен фактор на ризик за развој на срцеви заболувања.

Добри се за мозокот, го спречуваат стареењето

Според бројни студии, поголем внес на храна богата со флавоноиди, како што се боровинките, е поврзана со подобра функција на мозокот. Консумирањето боровинки може да го спречи оксидативниот стрес, кој игра важна улога во процесот на стареење.

Богати се со антиоксиданти

Бидејќи боровинките се богати со антиоксиданти, тие можат да неутрализираат некои слободни радикали кои ја оштетуваат ДНК.

Боровинките имаат малку шеќер

Боровинките содржат умерени количини шеќер и имаат низок гликемиски индекс. Ова значи дека тие немаат штетни ефекти врз нивото на шеќер во крвта, што може да биде последица на нивната висока содржина на биоактивни соединенија. Бројни студии покажуваат дека антоцијаните во боровинките помагаат во контролата на шеќерот во крвта.

Боровинките се добри за превенција од рак

Оксидативното оштетување на ДНК е секојдневна појава кај секое живо суштество. Тие се случуваат десетици илјади пати секој ден во нашето тело, што следствено води до стареење и игра клучна улога во развојот на болести како што е ракот.

Во една студија, 168 луѓе пиеле по еден литар мешан сок од боровинки и јаболка секој ден. По четири недели, оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали бил намален за дури 20 проценти.

Фото: Unsplash