Секојдневното консумирање ореви го намалува ризикот од срцеви заболувања и го намалува холестеролот

Претходните истражувања покажале дека јаткастите плодови генерално, а особено оревите, се поврзани со пониски стапки на срцеви заболувања и мозочен удар

0
191

Ако секој ден јадете не повеќе од половина шолјичка ореви, можете да го намалите нивото на холестерол за околу 8,5 проценти и на тој начин да го спречите развојот на срцеви заболувања, се вели во студијата на научниците од болницата Clínica de Barcelona. Тие во студијата вклучиле 628 возрасни лица на возраст од 63 до 79 години, а половина од нив јаделе половина шолја ореви секој ден.

По две години се покажало дека оние кои редовно консумирале ореви, исто така, имале пониско ниво на холестерол со ниска густина (ЛДЛ) во просек за 4,3 мг / дл. ЛДЛ холестеролот се нарекува лош холестерол бидејќи е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Оревите се богати со омега-3 масни киселини, кои имаат исклучително корисен ефект врз срцето (го намалуваат воспалението), а ги наоѓаме и во масните риби.

Кардиоваскуларен ризик

„Претходните истражувања покажаа дека јаткастите плодови воопшто, а особено оревите, се поврзани со пониски стапки на срцеви заболувања и мозочен удар. Една од причините е што го намалуваат нивото на ЛДЛ-холестерол, а сега имаме уште една причина: го подобруваат квалитетот на ЛДЛ честичките.

ЛДЛ честичките доаѓаат во различни големини. Истражувањата покажуваат дека малите, густи ЛДЛ честички почесто се поврзани со атеросклероза, плак или масни наслаги што се акумулираат во артериите, вели авторот и нутриционист Емилио Рос од Clínica de Barcelona во Шпанија.

Факти за холестеролот кои е добро да се знаат

* Холестеролот е масна супстанција која е од витално значење за нормално функционирање на телото.

* Премногу холестерол може да предизвика акумулација во артериите, ограничувајќи го протокот на крв во срцето, мозокот и остатокот од телото, зголемувајќи го ризикот од ангина, срцев удар, мозочен удар и згрутчување на крвта.

* Холестеролот се произведува во црниот дроб и во крвта го носат протеините.

* Добар холестерол – липопротеин со висока густина (ХДЛ) – го носи холестеролот од клетките во црниот дроб каде се распаѓа или се пренесува како отпад.

* Лош холестерол – липопротеин со мала густина (ЛДЛ) – го носи холестеролот во клетките, а прекумерните количини се депонираат во sидовите на артериите.

* Високиот холестерол може да биде генетски, но исто така е поврзан со исхрана богата со заситени масти, како и пушење, дијабетес, висок крвен притисок и семејна историја на мозочен удар или срцеви заболувања.

* Холестеролот во крвта се мери во единици наречени милимоли на литар крв, скратено како mmol / L.

* Вкупното ниво на здраво возрасно лице треба да биде 5mmol / L или помалку, додека нивото на LDL не треба да надминува 3mmol / L. Идеалното ниво на HDL е над 1mmol / L.

* Холестеролот може да се намали со здрава исхрана со малку маснотии, непушење и редовно вежбање.

* Ако тоа не помогне, може да се препишат лекови за намалување на холестеролот, најчесто статини.

Фото: Freepik