Се мислите што да правите со белките што ви останале?

Ако решите да го наравите тирамисуто по нашиот рецепт, еве ви и идеја како да ги искористите белките што ќе ви останат. И тоа веднаш!

0
431

Состојки:

3 белки

150 г бадеми

100 г шеќер

1 лажица какао

Приготвување:

Се блендираат бадемите, па се мешаат со 50 г шеќер и 1 лажица какао. Се матат белките во цврст снег и потоа им се додава 50 г шеќер. Потоа се меша сѐ со шпатула.

Со лажица земајте од смесата и редете во тепсија на хартија за печење.

На кратко се обаруват цели бадеми, се лупат и по еден бадем се става одозгора, врз секое колаче. Печете ги околу 15 минути на 180 степени.