Сируп од зелени ореви и мед за здравје на штитната жлезда и црниот дроб

Oваа мешавина ја подобрува работата на тироидната жлезда, го чисти црниот дроб и решава многу други проблеми па дури и болести на грлото и респираторниот тракт

0
270

Младите зелени ореви, богати со витамин Ц, во комбинација со мед, стануваат добитна комбинација што ѝ помага на тироидната жлезда да работи подобро, го чисти црниот дроб, желудникот и крвта, но исто така е добра и за болести на грлото и респираторниот тракт.

Покрај тоа, редовното консумирање на овој сируп ќе го зајакне имунитетот, ќе ги ублажи проблемите предизвикани од менопаузата, а помага и при анемија.

Состојки:

40 млади зелени ореви
1 кг мед

Приготвување:

Измијте ги и исушете ги оревите, а потоа исечете ги на половини или четвртини. Ставете ги во тегла и прелијте ги со мед. Затворете ја теглата и оставете да стои 40 дена на светло место. Протресувајте ја смесата повремено, но без да ја отворите теглата.

Во период од 40 дена, во садот ќе се направи сируп со темна боја, благодарение на лековитиот сок што ќе го ослободат оревите во медот. Потоа можете да ги извадите оревите од сирупот кој е готов за употреба.

Земајте по една кафена лажичка сируп секое утро и чувајте го на ладно и темно место.

Забелешка: Кога ги сечете оревите, ставете ракавици на рацете, инаку прстите ќе ви станат црни.

Фото: Unsplash