Сладоледот од лубеница и џин е сè што ни треба ова лето!

Вкусен десерт во кој бескрајно ќе уживате!

0
112

Mожеме да се согласиме дека во текот на жешките летни денови сакаме да бараме освежување во сладоледите. Иако веројатно веќе имате некои омилени вкусови на кои секогаш се враќате, што велите на тоа да испробате да направите свој сладолед за кои ви се потребни само неколку состојки, а кој без никакво размислување освојува со предобар вкус?

Лубеницата е еден од синонимите за лето, но исто така и џинот, па зошто да не ги искомбинирате овие две омилени состојки во освежителен десерт. Имено, овој пат станува збор за сладолед за кој ви се потребни само три состојки кои веројатно веќе ги имате во кујната. Она за што сме сигурни е дека штом еднаш ќе го пробате овој сладолед, до крајот на летото ќе го направите уште милион пати и ќе ги изненадите вашите драги пријатели со десерт за кој ќе се зборува, а за да ви појде тоа од рака, во продолжение побарајте брз и едноставен.рецепт.

Состојки:

лубеница
џин
Грчки јогурт или кондензирано млеко

Приготвување:

Приближно 700-900 г лубеница исчистете ја од семки и исечете ја на мали коцки, кои треба да се наредат на послужавник и да се остават во фрижидер околу 3 часа. Потоа извадете ја лубеницата од фрижидерот и ставете ги коцките во блендер. Кога ќе добиете компактна смеса, ставете џин и 250 гр грчки јогурт или кондензирано млеко. Сè добро изблендирајте и ставете ја смесата во калапи за сладолед или во потесен сад од кој можете да го вадите сладоледот со помош на црпалка за сладолед. Сладоледот мора да се чува во фрижидер околу 3-4 часа.

Фото: Unsplash