Сланината не е зелена салата, ама здраво е да се јаде во умерени количини,

Нашите баби и дедовци, мајки и татковци, јадеа сланина, а потоа таа некако стана главен виновник за скоро сите здравствени проблеми и со години имаше лоша репутација во светот на здравата храна.

0
302

За лошото реноме на сланината во светот на здравата храна изминативе години, најзаслужна е количината на маснотии што ја содржи, но експертите истакнуваат дека е таа сепак добра за здравјето доколку се консумира умерено.

Ново истражување се осврнало на влијанието на сланината врз здравјето, а една од причините зошто се тврди дека оваа храна не е толку лоша е тоа што не содржи јаглехидрати, туку само масти. Кога станува збор за дебелеење, јаглехидратите се најопасни, а не мастите, па сланината, доколку се јаде во умерени количини, нема да придонесе за здебелувањето. Од друга страна, ќе ви даде многу енергија.

Добро е што сланината содржи и многу протеини, кои се многу важни за здравата исхрана, но и за кожата, коските и косата. Покрај тоа, ако јадете малку сланина со вашиот оброк, ќе бидете сити подолго, токму поради протеините што ги содржи.

Покрај сето тоа, сланината содржи и многу витамини од комплексот витамини Б, кои се многу важни за имунитетот, а содржи и цинк.

Сето ова не значи дека сега треба да ѝ се нафрлите и да ја јадете како зелена салата, но далеку од тоа дека оваа намирница е штетна за вашето здравје – единственото нешто на што треба да обрнете внимание е количината, впрочем, како и со сите други намирници.

Фото: Freepik