Со кромид против згрутчување на крвта

Бидејќи си чини дека сега повеќе од кога и да е, сите зборуваме за тромбови и за покачени д димери, не е лошо да се потсетиме на некои народни лекови. Овојпат, лекот го барае во кромидот

0
1539

Периодов на пандемија сите се опседнавме со бројот на нашите д димери во крвта кои се показатели за тоа дали сме склони кон згрутчување на крвта, односно, создавање на тромбови, па дури и повеќето од нас кои до скоро не ни знаевме што се тоа д димери, а за згрутчување на крвта зборувавме само ако се најдевме пред потребата од некој оперативен зафат, сега станавме експерти.

Затоа не е лошо да се потсетиме на некои народни лекови кои се одлични, меѓу другото, и за овие ситуации.

Не станува збор за ништо комплицирано, туку за обичен кромид. Тој секогаш бил дел од нашите оброци, без оглед дали се консумира свеж или во некое јадење. Но кромидот е дел и од многу народни лекови кои можат да помогнат во лекувањето на разни здравствени состојби. Да почнеме со најактуелните.

Печен кромид против згрутчување на крвта

Ако имате проблем со згрутчување на крвта, секој ден треба да јадете една главица кромид пржена во маслиново масло, и тоа во попладневните часови и навечер.

Печениот кромид е добар и кај воспаление на уши, но во тој случај наместо да го јадете, ставете на уво облог со врел печен кромид и држете го така извесно време.

Облоги од кромид

Во случај на главоболка, отекување, болка во ушите и настинка, на воспалените места ставете облози со сечкан свеж кромид.
За висока температура ставете облози со сечкан кромид на нозете.
Во случај на крварење, ставете облози со сечкан кромид на вратот.
За чир или за поткожен чир, изрендајте еден кромид и помешајте го со малку маслиново масло, а потоа ставете го на болното место и држете го 1 или 2 часа.

Сок од кромид

Исечкајте го ситно кромидот и стиснете го сокот. Ако имате воспаление на белите дробови или некоја друга болест, помешајте го сокот со 1 лажица мед и земајте од смесата 2 или 3 пати дневно.

За да го поттикнете растењето на косата, масирајте ја главата користејќи сок од кромид, неколку пати дневно.

Излекувајте ја кашлицата со сок од кромид разблажен со вода. Истиот рецепт важи за чистење на цревата од паразити.
За кожни заболувања втријте сок од кромид во кожата неколку пати дневно.
Против надуен желудник, пијте сок од кромид помешан со ракија во еднакви пропорции.

Варен кромид

За зачестено мокрење и чир, исечкајте 1 главица кромид. Варете го кромидот со малку рузмарин, 2 дл вино и 2 дл вода, а на крајот додадете и 1 лажица мед и пијте 1 лажица на секој час.

Фото: Pixabay