Со сок од целер против мигрена, дијабетес и хроничен замор

Дали сте склони кон мигрени или тензиски главоболк? Дали имате дијабетес или страдате од синдром на хроничен замор? Постои природно решение за вас, и се вика - чист сок од целер.

0
155

Сокот од целер има силни антиинфламаторни и детоксикациски својства.
Покрај тоа, ја поттикнува работата на црниот дроб, го стимулира производството на жолч и разградувањето на маснотиите.
Овој сок е богат со натриум, поточно со кластери на натриумови соли.
Дури и ако имате проблеми со натриум или сте на диета со низок процент на натриум, сокот од целер е добар избор за вас, вели Ентони Вилијам, автор на неколку бестселери поврзани со совети за здравјето.
Неговите здравствени совети ги следат многу познати личности и спортисти, како и обични луѓе на кои им помагал во лекување на разни хронични и автоимуни болести.
Целерот е сојузник на вашето здравје, вели Вилијам. Чистиот сок од целер ги чисти органите од акумулираните и од преостанатите кристализирани токсични соли.
Покрај тоа, тој ги елиминира опасните тешки метали, како што се бакар, жива и алуминиум. И сето тоа благодарение на кластерите на натриумовите соли.
Минералните соли од целерот ги неутрализираат штетните ефекти на бактериите, габите и вирусите со кои се борат додека минуваат низ вашите тенки и дебели црева и крвотокот.
Тие ги разбиваат клеточните мембрани на патогени, како што се вирусот Епштајн-Бар, стрептококи и херпес и на крајот ги уништуваат.
Покрај споменатите здрави соли, сокот од целер содржи и растителни влакна, витамини А, Б6, Ц и К, калциум, калиум, минерали во трагови.
Ако денот го започнете со овој исклучително здрав сок, ќе сторите многу за целокупното здравје, без разлика дали страдате од мигрена, хроничен замор, дијабетес тип 1 или 2 или некоја друга хронична или автоимуна болест.
Дури и ако сакате само да го поттикнете детоксот на организмот, овој сок е одличен избор.

Рецепт – сок од целер

Земете голема китка од целер со листови (од органско земјоделство), претходно измиени и ставете ги во соковник. Треба да добиете 4 дл чист сок од целер.
Пијте го секое утро на празен стомак.
Ако сте почетник и вкусот на целерот ви е премногу интензивен, можете да додадете една краставица или јаболко во сокот.
Но, за максимална корист, со текот на времето треба целосно да преминете на чист сок од целер.

Како функционира овој моќен сок

1. Дијабетес

Ентони Вилијам не се согласува со конвенционалното гледиште дека дијабетисот тип 1 е автоимуно заболување во кое телото го напаѓа сопствениот панкреас.
Тој верува дека предизвикувачот на дијабетес, како и хипогликемија и хипергликемија, е скриен во црниот дроб.
Раните знаци на инсулинска резистенција, како што се хипогликемија и хипергликемија, започнуваат со забавена и нарушена функција на црниот дроб, вели Вилијам.
Кога црниот дроб ослабува, тој веќе не успева да вари масти и тие на крајот завршуваат во дигестивниот систем, акумулирајќи се околу органите и во самиот крвоток.
Ова е она што доведува до инсулинска резистенција!
Сокот од целер дава силен поттик за работата на црниот дроб и помага при разградување на вишокот маснотии.
Кога црниот дроб ќе се ревитализира со помош на овој моќен сок, тој може да ослободи резерви на гликоген и со тоа да спречи отпорност на инсулин.
Покрај дијабетес тип 1, сокот од целер помага и при дијабетес тип 2 со ревитализација на црниот дроб.
Закрепнувањето на овој орган го стимулира производството на жолч, што многу подобро ги разградува маснотиите и со тоа ја враќа вашата крв или нивото на шеќер во рамнотежа.
За луѓето кои страдаат од дијабетес (видови 1 и 2), Ентони Вилијам препорачува секојдневно консумирање сок од целер, со задолжително исфрлање од исхраната на оваа храна: јајца, сирење, млеко, путер и свинско месо.

2. Мигрена и главоболка

Многумина денес страдаат од неподносливи главоболки и мигрена, чија вистинска причина е непозната. Тоа не треба да биде случај, вели Вилијам.
Една можна причина за мигрена, вели Вилијам, е воспаление на триделниот нерв или френичниот нерв на вратот, предизвикано од невротоксини произведени од вирусот на херпес зостер.
Еден од предизвикувачите на мигрена може да биде вирусот Епштејн-Бар.
Сокот од целер има антиинфламаторно дејство и ги смирува воспалените нерви благодарение на минералите во трагови.
Овој сок делува и со врзување на невротоксините за себе и спречување на нивното дејство.
Друга можна причина за мигрена и главоболка е присуството на тешки метали, како што се жива и алуминиум, во мозочните клетки.
Сокот од целер ги храни мозочните клетки и им помага да се спротивстават на дејството на тешките метали.
Покрај тоа, целерот ги зајакнува надбубрежните жлезди и го спречува токсичното делување на адреналинот, со што се спречуваат главоболките предизвикани од напнатост и стрес.

3. Синдром на хроничен замор

Бидејќи сè повеќе и повеќе луѓе страдаат од синдром на хроничен замор, сè повеќе внимание се посветува на оваа модерна болест.
Ако често чувствувате дека вашите нозе се тешки како вреќа цемент, ви се затвораат очите (но сепак спиете слабо) и немате сила за вообичаените дневни задачи, тогаш многу добро знаете за што станува збор.
Ентони Вилијам вели дека хроничниот замор всушност е поврзан со воспалителни процеси во мозокот предизвикани од некои поагресивни видови на вирусот Епштајн-Бар.
Тие создаваат моќни невротоксини кои доведуваат до воспаление на целиот нервен систем и така се јавува овој синдром.

Против Епштајн-Баровиот вирус силен ефект има токму – сокот од целер, поточно неговите минерални соли.

Исто така, важно е да се знае дека луѓето кои страдаат од овој синдром и други хронични болести имаат ослабен имунолошки систем, што дефинитивно треба да се зајакне.

Конзумирајќи секојдневно свеж сок од целер, кој содржи минерали во трагови и моќен витамин Ц, дополнително ќе го зајакнете вашиот одбранбен систем и ќе придонесете за обновување на целиот нервен систем.

Фото: Pixabay