Со чај од пченица кажете му збогум на артритисот

Овој чај лечи и ревматизам, па можете да заборавите и на болките во коските и зглобовите предизвикани од овие состојби. Многу луѓе тврдат дека чајот од пченица може да помогне и во лекување на некои видови на рак.

0
401

Оние кои се грижат за своето здравје не е лошо повремено, па дури и ако немаат здравствени проблеми, превентивно, да си направат чај од пченица.

Велат дека е ова исклучително ефикасно во лекувањето на артритисот.
Покрај тоа, чајот од пченица лечи и ревматизам, па можете да заборавите на болката во коските и зглобовите предизвикани од овие состојби. Многу луѓе тврдат дека чајот од пченица може да помогне и во лекување на некои видови на рак.

Чајот од пченица е богат со витамини од Б-комплекс и лечи вируси. Зрната од печена пченица се одлични за чистење на целото тело.

Состојки:

500 гр пченица

200 мл органски мед

вода

Приготвување:

Пченицата добро измијте ја во вода, па исушете ја на салфета или кујнска крпа.
Потоа ставете ја во сува тава и печете ја во рерна, постојано мешајќи ја со дрвена лажица. Печете додека зрното не почне да крцка.
Потоа ставете ги тостираните зрна пченица во чајник и прелијте ги со врела вода. Продолжете да ја варите содржината од пченица и вода уште 25 минути на тивок оган, а потоа тргнете ја од шпоретот и поклопете го чајникот со капак.
Оставете да отстои пет минути, па додадете го медот.

Пијте го секојдневно еден период и кажете им збогум на артритисот и реумата.

Фото: Unsplash