Стариот добар сутлијаш…само со помалку шеќер

Она што го јадевме често како деца, повторно се враќа на нашето мени. Сега сме малку 'поскржави' со шеќерот од она што го памтам, ама сосема доволно

0
442

Ако не ви текнува како се правеше, еве мало потсетување.

Ставаме една шолја ориз и четири шолји вода во тенџере на тивко, а кога оризот  ќе ја апсорбира водата, додаваме и 3 шолји млеко.

Се вари на тивко со постојано мешање.

Додаваме  1 ванилин шеќер и 2 лажици обичен шеќер.

Кога е готов, го префрламе во стаклени чаши и секој си го зачинува како сака и ако сака. Вкусен е и вака, но уште повкусен со цимет или со морско оревче или со двете. Може да се додаде и рендана кора од лимон или портокал. Некои додаваат и свежо или суво овошје. Изборот е голем и по ваша желба.

Оставете го сутлијашот да се олади или ставете го во фрижидер доколку сакате да биде сосема ладен и уживајте.