Стариот леб е одличен за француски тост, a еве што друго можете да направите со остатоците храна

Стариот леб, по малку презреано овошје или остатоци од зеленчук? Никогаш не ја фрлајте храната затоа што токму од такви работи можете да направите вкусни јадења.

0
312

Намалувањето на отпадот од храна е всушност многу едноставно, а со неколку едноставни трикови исто така можете да заштедите и пари. Овошјето што ви потемнело или е омекнато и презреано во некои делови е исто толку хранливо како и свежото. Ако мислите дека не можете да го јадете така, можете да го исечете и да го замрзнете па да го користите за правење смуди. Покрај тоа, можете да направите и француски тост за појадок, а за ова најдобро ќе ви послужи стариот леб. Можете да го користите и за панирање, такашто од него ќе направите презли.

Кога зеленчукот ќе почне да венее и да омекнува, не го фрлајте. Иако веќе не е доволно добар за салата, секогаш можете од него да направите супа. Можете да додадете и замрзнати зачински билки во истата супа. Имено, зачинските билки можете да ги исечкате, да ги ставите во калапите за мраз и да додадете малку маслиново масло. Замрзнете ги и користете ги подоцна за разни јадења.

Авокадото започнува да скапува многу брзо, но токму таков е одличен за здрава верзија на пудинг. Ставете го во блендер со засладувач по ваш избор, додадете какао и кокосово масло. Мешајте додека не добиете мазна, свиленкаста текстура. Од презреаните банани пак секогаш можете да направите и здрав леб, попознат како „леб од банана“.

Фото: Pixabey