Стаса кралот! Кралот на печурките

Сушениот вргањ не само што е вкусен и здрав, туку содржи и голем процент на протеини што го прави добра замена за месо во вегетаријанските оброци, а е одличен и за намалување на телесната тежина.

0
390

Вргањот е печурка која буди најголем интерес кај љубителите на печурки. Има посебен сладок вкус, силна арома и е богат извор на низа хранливи материи. Може да се најде во периодот од јуни до ноември  во листопадни и зимзелени шуми.

Едно од најимпресивните својства на вргањот е неговиот потенцијален ефект врз ракот на дебелото црево. Според некои релевантни податоци вргањот поседува одредени моќни компоненти со потенцијално уништувачко дејство на малигните клетки на одредени типови рак.

Лабораториска студија објавена во научното списание Food & Function, покажала дека екстрактот од вргањ може да ги уништи малигните клетки на дебелото црево. Постојат и други студии со слични резултати кои покажуваат дека одредени компоненти на вргањот имаат блокирачко дејство во однос на растот, но и уништувачко дејство на колоректалните малигни клетки.

Вргањот содржи и висок процент на растителни влакна, а зголемената употреба на растителни влакна се поврзува со намален ризик од колоректален карцином.

Всушност, некои студии откриле дека овие печурки содржат моќни соединенија кои можат да ги уништат клетките на ракот.

Покрај тоа, тој е храна богата со растителни влакна кои можат да дејствуваат како заштита од колоректален карцином. Неколку студии откриле дека зголемениот внес на растителни влакна може да биде поврзан со намален ризик од колоректален карцином.

Како и останатите печурки, и вргањот содржи многу малку калории, а од друга страна, е богат извор на вредни хранливи материи, па затоа е непроценлив кога треба да се намалат вишокот килограми.

Вргањот е одлична замена за месото. Имено, 28 грaма сушен вргањ содржи 7 грама протеини, што претставува одличен процент во дневните потреби за протеини во само една порција. Поради својот богат вкус, вргањот може да бидат корисен додаток во вегетаријанската или веганската исхрана, обезбедувајќи не само подобар вкус, туку и многу протеини и железо.

Поради високата содржина на растителни влакна, вргањот може да го подобри здравјето на органите за варење, да спречи запек и да влијае на редовната столица.

Вргањот е богат и со антиоксиданти, соединенија кои ги неутрализираат слободните радикали и спречуваат оштетување на клетките.
Полска студија открила дека вргањот има голема содржина на бројни антиоксиданти, вклучувајќи бета-каротин, аскорбинска киселина и ликопен. Антиоксидансите можат да го намалат оксидативниот стрес, кој е поврзан со создавање слободни радикали, па дури може да го намали ризикот од некои болести кои вклучуваат воспалителни нарушувања, како што се срцеви заболувања и карцином.

Вргањот е богат со тиамин, поточно, витамин Б1 кој е исклучително важен за нормалното функционирање на нервниот систем. Освен тоа, содржи и рибофлавини, ниацин, пантотенска киселина и витамин Ц кој го зајакнува целокупниот организам.

Помеѓу останатото, вргањот задоволува пет проценти од дневните потреби за железо кое е клучно за преносот на кислородот во клетките на организмот.

Пред употреба, сушениот вргањ треба да се натопи во вода. Ставете го сушениот вргањ во сад, покријте го со топла вода и оставете го да кисне 15 минути, а потоа убаво исплакнете го. Сушениот вргањ е неверојатно прилагодлива храна која може да разубави бројни јадења со својот уникатен вкус. Може да се додаде во тестенини, во рижото, во обичен омлет, да се направи сос или супа.
Вргањот знае да биде прилично скап, но затоа пак, не ви треба многу за да го збогатите оброкот.